Стоев на излогот од продавницата, во која се продаваа играчки за деца. Децата ми мавтаа и јас им подарував бомбони, лижавчиња, балони, моливи со шарени гуми и други ситни работи. Потоа си праќавме бакнежи и се прегрнувавме. Еден ден, додека им правев некакви смешни гримаси со лицето и се клатев со цело тело, а децата што стоеја пред излогот гласно се смееја, една жена со црвена коса почна да ме влече кон една кола. Залудно врескав, сакајќи да се ослободам. Жената ми ја доближи фискалната сметка до лицето, а нејзиното детенце скокаше од радост што доби нов подарок за Божиќ. Некои луѓе мислат дека можат да си го купат целиот свет.
Берлин
Рано утрото автобусот пристигна во Берлин. Платив сместување за два месеци и со ранецот на грб поминав покрај сите значајни и незначајни споменици, порти, ѕидови, музеи, паркови и дрва. Потрошив четиристотини и тринаесет филмови и купив двесте и седум разгледници, напишав сто и дванаесет хаику песни и дваесет и девет писма со впечатоци за градот и им ги испратив на пријателите, за да не ме заборават. Мојата љубопитност немаше граници, па одлучив да ги посетам сите двесте и шеесет музеи, да земам автограм од сите кустоси во нив и да им подарам по една песна од Октавио Пас. Така, трчајќи по улиците на Берлин, заборавив да се вратам дома.
Вилнус
Стојам меѓу ѕидови и големи капии. Околу мене има некаква катедрала и една градска куќа. Покрај мене трчаат луѓе и врескаат деца. Тишина. Еден дедо брзо прелистува весник, прави гримаса со лицето и бесно го фрла весникот во корпата за отпадоци. Тишина. Почнувам да плачам на глас, вриштам, тропам со нозете, но ништо не можам да слушнам. Ниту другите, ниту себе. Ми се доближува една жена и почнува нешто да ми зборува, веројатно се обидуваше да ме смири, но не можам да ја слушнам. Жената ме прегрнува, претпоставувам дека ме теши, станувам, се прашувам »што ми се случува?«, но – тишина. Одеднаш почнувам да трчам и да бегам од тишината. Ми треба град кој можам да го слушнам.
Гватемала
Денес Б. ја отвори својата изложба, на која ја презентираше новата слика. На сликата Б. имаше нацртано една кутија, од која се гледаше глава на човек, кој во десната рака држи молив. Се доближив до сликата и погледнав во очите на човекот. Тој нешто ми покажа надолу. На ѕидот под неа беше запишано името на сликата: »Единственото нешто што не се менува е промената« – пишуваше. Замислено се оддалечив од сликата, без да го погледнам човекот што беше нацртан на сликата и шетав низ преполната сала со посетители. Сите избезумено трчаа по Б. и бараа негов автограм. Човекот што беше насликан на сликата ја поткрена главата од кутијата, го фрли моливот кон мене, ме погоди во главата, скокна од кутијата, ја скрши рамката во која беше врамен и излезе од огромната сала. Никогаш повеќе не се врати.
Даблин
Мајка ми никогаш не го спомнуваше мојот вистински татко. Само еднаш ми рече дека се вика Патрик. После многу години, денес влегов во Катедралата што се наоѓа во центарот на градот и бидејќи имав два слободни часа бавно ги разгледував портретите на нацртаните луѓе што ги прогласиле за светци. Пред да излезам од Катедралата си купив една малечка икона. Стаписано гледав во човекот со брадата, кој гласно ми се смееше. Брзо ја свртев иконата од задната страна и му го прочитав името: Свети Патрик.
Ерусалим
Веќе четири часа комшијата се обидува да ја обие сопствената врата. Сигурно пак го заборавил клучот. Кога конечно престана тропањето, некој чукна на мојата врата. Отворам, а пред вратата стои непознат човек со крвави раце и глава. »Ве молам викнете полиција! Сакам да се вратам дома!«, викаше. Брзо влегов во станот, викнав полиција, а човекот седна на прагот од вратата, ја наведна главата и тивко почна да плаче.
Другиот ден на вести имаше репортажа за пронаоѓањето на еден познат човек со крвави раце и глава. »Уапсена е фреската на Исус Христос од израелското гратче Ефрат во Скопје на улицата »Иван Козаров 3«, рече новинарката. »Во обидот за реставрирање на познатата фреска на Исус Христос што се наоѓала во израелското гратче Ефрат од страна на М.С. (86), со цел да се стекне со голема популарност поради ова необично дело што се наоѓало во локалната црква, во 1813 година од непознати причини ликот од фреската одеднаш исчезнал и никогаш повеќе не се вратил назад во Ефрат. Но, денес фреската си го најде својот изгубен Исус, а човекот што е во рацете на македонската полиција, своето огниште«, заврши новинарката со насмевка на лицето. Стаписано гледав во човекот со заврзани раце на грбот. Потоа на екранот почнаа да се емитуваат реклами.
Загреб
Долго време шетав низ гробовите што молчеа и ги фотографирав сликите на умрените. Некои беа многу млади, некои стари, а на некои немаше ниту слика, ниту име и презиме. Беше празно, тивко и пусто. Само една баба со икона во рацете гласно плачеше пред гробот што го носеше името на некој си Фрањо Туџман. Никогаш не ми било јасно тоа, да рикаш од плачење, да си ја искорнеш душата од градите со икона во рацете пред некаков си гроб, а додека си жив очите да си ги вадиш со луѓето што ги сакаш. Но, добро. »Природата е полна со спротивности«, еднаш ми рече Мери Д. И беше во право.
Каракас
На репертоарот во театарот денес беше претставата Безимениот. Купив еден билет и седнав на нумерираното седиште. Глумецот излезе на сцената, се поклони и ја започна својата улога: »Минувачи низ градските улици, вам ве прашувам, зошто постојано .......? Зошто гласно пцуете пред да се запали зелено светло за пешаци? Зошто...? Зошто...?« Замолкна. Се вртеше во круг, како да сакаше да добие на време. Брзо трчаше низ сцената, како да се бркаше со некого, иако немаше никој. »И зошто постојано се довикувате од едниот до другиот крај на булеварите? А кога се разминувате еден покрај друг се одминувате како никогаш да не сте се виделе? Зошто не плаќат.....? Зарем мислите дека така ќе заштедите дел од своите пари што ги немате?«, глумецот го продолжи својот двочасовен монолог. Публиката сконцентрирано го слушаше. Кога заврши претставата, глумецот учтиво се поклони. По громогласниот аплауз на публиката, тој исчезна зад сцената, брзо ја избриша својата шминка и уште побрзо ја издади периката. Потоа полека си ја соблече облеката, па си ги извади нозете и рацете и замина дома да се одмори за утрешната претстава. Во друг град.
Лисабон
Секој ден доаѓав на истото место и седен покрај реката Тахо. Сакав да ти испратам порака. Остро се критикував дека сум кукавица, нерешителна и мрзоволна личност. Цела недела ја составував, но залудни беа сите обиди конечно да ја испратам. И кога конечно сакав да ја пратам, наместо »испрати«, по грешка го притиснав копчето на кое пишуваше »избриши«. Некои пораки бараат време.
Љубљана
Од денес престанав да те гледам со розови очила, бидејќи само што помислив дека те пронајдов, ти ги извади моите розови очила од главата и ги скрши со ѓонот од твојата лева чизма. Така, продолжив да бдеам над својата осаменост.
Монтевидео
На работната маса го најдов твоето писмо. Во него имаше само еден празен лист хартија. »Што се вознемируваш безврска«, ми вели Б. »Можеби некој се исплашил да ти ја напише вистината«, ме охрабри.
Нук
Вчера бев на изложбата на Војновиќ. Под секоја слика имаше поетски наслов. Комшиката Акимура беше фасцинирана од концептот на изложбата. Погледот го приковав на последната слика која беше најнеобична од сите други. Под неа пишуваше: »Ех, таа хиерархија на чувствата«, а на сликата имаше нацртано мајмун. Комшиката Акимура си ја купи баш таа слика, со мајмунот. Мислам дека повеќе беше одушевена од мајмунот, отколку од насловот на сликата. Имам впечаток дека денес луѓето повеќе сакаат да се забавуваат, отколку да слушаат патетични лелекања, дури и кога уметноста е во прашање.
Отава
Седев на една клупа меѓу заливот Џорџијан и реката Отава, додека црвената и жолтата боја од природата се огледуваа на синото небо, водата и зимзелените дрва во паркот Алонгквин. Покрај мене поминаа момче и девојка: »Не сакам да ме заборавиш«, рече девојката. »Нема«, ѝ одговори момчето. Девојката го прегрна и го праша: »Ветуваш?« »Не«, момчето ја оттурна од себе. Додека меѓу клупите претрчуваа лисици, верверички и црни мечки, а над главите им летаа некакви шарени птици, нивниот разговор се претвори во едно големо недоразбирање.
Прага
Кога конечно престана да врне дожд, излегов надвор, со широка насмевка на лицето ги соблеков патиките и почнав да трчам боса. Пред моите очи се појавуваа слики од градови што ме заробуваат. Рамномерното чекорење и дишење ме смируваше, ме правеше полесна, рацете почнав да ги движам со иста фреквенција како и дишењето, совршено ја одржував рамнотежата во правецот по кој одев и телото почна да ми се спојува со душата, а душата почнуваше да ми се шири од радост, и толку почна да се проширува и разградува на билион мали делчиња, што одеднаш почувствував како светот нема никакво значење, станува празен и се измива од сопствените солзи. Престанав да трчам, застанав под мостот до кој стигнав и чекав да преврне. Повторно врнеше дожд како од кофа.
Рига
Седев во блиското кафуле и го пиев своето утринско кафе. На соседната маса седна еден бискуп, отвори книга и почна да чита. Љубопитно се обидував да го прочитам насловот на книгата, но залудно. Бускупот како да ги читаше моите мисли и вешто го криеше насловот. Престанав да зјапам во книгата. Одеднаш бискупот стана, се доближи до мене, ја остави книгата на мојата маса и замина. Брзо го прочитав насловот: »Отварам врата на ѕидот (за влез во друг свет)«.
Скопје
Забрзано одев по Камениот Мост. Брзам да го фатам автобусот. Имав нова порака на мобилниот телефон. Застанав и почнав да ја читам: svi imamo otiske na prstima, to je razlika među ljudima: People are all the same, but you won’t leave same impression on all of them. Градот има поинакво значење во шест часот наутро.
Талин
Колку е несреќна мојата сенка. Патува заедно со мојот живот.
Улан Батор
Денес сонував многу чуден сон. Влегов во еден будистички храм, легнав на подот, околу мене некои непознати луѓе скокаа и извикуваа зборови што не ги разбирав и оддеднаш почувствував како телото ми се двои од душата и душата влегува во еден мршојадец што почна да го колва моето тело. Сакав да се ослободам од болката, но не можев. Врескав на цел глас, молев за помош, но болката и понатаму беше неподнослива. Наеднаш едно старче почна да ми удира шлаканици. Конечно се разбудив. Лежев во некаков парк, околу мене имаше многу луѓе, а над мојата глава се вееше сино знаме со птица во средината.
Хавана
Во Националната Галерија утре во 12 часот ќе биде промовиран новиот Атлас на светот. Неговото дополнување содржи само 46 нови географски мапи за сукцесија на имотот на некогашната држава на Балканот, Југославија. И бидејќи дел од оригиналните мапи се украдени од недвижниот имот во сукцесијата што се случила на 23 март 1953 година, а притоа се зачувани низ сите овие години, авторите на зачуваните оригинали решително сакаат да ја кажат вистината за поранешната СФРЈ, која денес не постои. Најважно е да се спомене дека во текот на сите овие долги години, тие ги украсувале просториите на амбасадите, конзулатите, министерствата и големите приватизирани фирми и затоа не беа достапни за пошироката јавност, а манипулирани од страна на луѓето што активно се занимаваа со чувањето на државното богатство во приватните сефови. Имињата на авторите инсистираа да останат анонимни. Делата биле создавани во периодот пред почетокот на Втората светска војна. На тој начин, нивното промовирање ќе го збогатат културното наследство на целата Светска Историја.
Џакарта1
На автобуската станица во најнеобичниот дел на Нов Зеланд, наречен Тетауматафакатангих-ангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунга-хоронукупокаифенуаакит-анар-аху, патувајќи за Џакарта кон брегот на Зондското Море, за првпат се погледнаа и се вљубија Кадва-ладер од Ланваирпулгвингилгогерихверндробуланд-исилиогогогох и Капитолина од Верхнено-вокутлумбетево. Кога Капитолина го виде Кадваладер се почуствува Суперкалифраџилис-тикекспиалидошес, а на Кадваладер кога ќе здогледаше некоја убава девојка како Капитолина, секогаш му се пријадуваше лопадотемахоселахогалеокраниолипсанодримхи-потриматосилфиокаравомелитокатакехименоких-лепикоси-фофатоперистериалекрионотпокеф-алиокинклопелиолагосиреовафитраганотер-игон. Поради тоа што беа родени во најмалите села со најдолги имиња во светот се плашеа да се приближат еден кон друг и подобро да се запознаат, затоа што страдаа од Хип-ото-мно-стро-сес-кви-пед-ал-ио-фобија2.
1 Сите долги назини во овој расказ се вистинити.
2 Фобија од долги зборови.
3 Tau-mat-awh-aka-tan-gih-an-ga-koa-uau-ota-mat-eat-uri-pu-ka-kap-iki-mau-nga-hor-onu-ku-po-kai-whe-nua-kita-nat-ahu – v maorskem jeziku pomeni ime brega na Novi Zelandiji. Dolga različica tega toponima vsebuje 92 črk in se nahaja v Guinessovi knjigi rekordov.
4 Lla-nfa-irp-wll-gwy-ngy-llg-oge-ryc-hwy-rndr-obw-lll-lan-tys-ili-ogo-gog-och – vas v Walesu, najdaljši toponim v Veliki Britaniji.
5 Ver-hne-nov-oku-tlu-mbe-tevo – vas z najdaljšim toponimom v Rusiji.
6 Sup-erc-ali-fra-gil-isti-cex-pia-lid-oci-ous – pesem iz leta 1964, iz muzikla Mary Popins. Leta 1986 so besedo uvrstili v Oxfordov slovar kot dobro znano besedo za miks več pomenskih besed: Something to say when you have nothing to say.
7 Lop-ado-tem-aho-sel-aho-gal-eok-ran-ioli-psa-nod-rim-hip-otr-imat-osil-fio-kar-avo-mel-ito-kat-ake-him-eno-kih-lep-iko-sif-ofa-top-eri-ste-ria-lek-rio-not-pok-efa-lio-kin-klo-pel-iol-ago-sir-eov-afi-tra-gan-ote-rig-on – latinska transliteracija termina za fikcijsko jed, ki se omenja v Aristofanovi knjigi Ženske v ljudski skupščini.
8 Strah pred dolgimi besedami.
Prevod: Lara Mihovilovic
Antananarivo
Stala sem pri izložbi trgovine z otroškimi igračami. Otroci so mi mahali, jaz pa sem jim podarjala bombone, lizike, balone, svinčnike s pisanimi radirkami in druge malenkosti. Potem smo si pošiljali poljubčke in se objemali. Nekega dne, me je neka žena z rdečimi lasmi, medtem ko sem otrokom kazala neke smešne grimase na obrazu in se zibala s celotnim telesom, otroci, ki so stali pred izložbo pa so se naglas smejali, začela vleči proti nekemu avtomobilu. Zaman sem vpila in se želela osvoboditi. Žena mi je približala račun k obrazu, njen otrok pa je skakal od veselja, ker je dobil novo darilo za Božič. Nekateri ljudje mislijo, da lahko kupijo cel svet.
Berlin
Zgodaj zjutraj je avtobus prispela v Berlin. Plačala sem dvomesečno bivanje in z nahrbtnikom obšla vse pomembne in nepomembne znamenitosti, spomenike, vrata, zidove, muzeje, parke in drevesa. Porabila sem štiristo trinajst filmov in kupila dvesto sedem razglednic, napisala sto dvajset haiku pesmi in devetindvajset pisem z vtisi o mestu in jih razposlala prijateljem, da me ne bi pozabili. Moja radovednost ni imela meja in sem se odločila obiskati vseh dvesto šestdeset muzejev, da bi vzela avtogram od vseh kustosov in jim podarila po eno pesem od Octavia Paza. Tako sem se med tekanjem po ulicah Berlina pozabila vrniti domov.
Vilna
Stojim med stenami in velikimi vhodi. Okrog mene je katedrala in mestna hiša. Mimo mene tečejo ljudje, otroci vpijejo. Tišina. Nek dedek na hitro lista časopis, z obrazom dela grimase in besno vrže časopis v koš za smeti. Tišina. Planem v jok, kričim, cepetam, a ničesar ne slišim. Ne druge ne sebe. Približa se mi neka ženska in mi začne nekaj govoriti, verjetno me je skušala umiriti, a je nisem mogla slišati. Ženska me je objela, verjetno me je tolažila, vstala sem, se vprašala »Kaj se mi dogaja?«, ampak – tišina. Naenkrat sem začela teči in bežati pred tišino. Potrebujem mesto, ki ga lahko slišim.
Gvatemala
Danes je B. odprl svojo razstavo na kateri je predstavil novo sliko. Na sliki je B. narisal škatlo na kateri se je videla glava človeka, ki v desni roki drži svinčnik. Na steni poleg je bilo zapisano ime slike: »Edinstveno kar se ne spreminja je sprememba« – je pisalo. Zamišljeno sem se oddaljila od slike ne da bi pogledala naslikanega človeka na sliki in se sprehodila skozi prepolno dvorano obiskovalcev. Vsi so se kot norci vrteli okrog B. in si želeli njegov avtogram. Človek, ki je bil naslikan na sliki je nagnil glavo s škatle, vrgel svinčnik k meni, me zadel v glavo, skočil iz škatle, razbil okvir v katerega je bil okvirjen in odšel iz ogromne dvorane. Nikoli več se ni vrnil.
Dublin
Mama mi ni nikoli omenila mojega pravega očeta. Le enkrat mi je rekla, da mu je ime Patrik. Po dolgih letih sem danes vstopila v katedralo, ki se nahaja v centru mesta in si, ker sem imela dve uri časa, počasi ogledovala portrete naslikanih ljudi, ki so jih razglasili za svetnike. Preden sem izstopila iz katedrale sem si kupila malo ikono. Osuplo sem gledala v človeka z brado, ki se mi je glasno smejal. Hitro sem obrnila ikono in na zadnji strani prebrala ime: Sveti Patrik.
Jeruzalem
Sosed je že štiri ure skušal podreti lastna vrata. Sigurno je spet pozabil ključ. Ko je končno nehalo ropotati je nekdo potrkal na moja vrata. Odprla sem, pred vrati pa je stal neznan človek s krvavimi rokami in glavo. »Prosim vas, pokličite policijo ! Rad bi se vrnil domov!« je vpil. Hitro sem stopila v stanovanje, poklicala policijo, človek pa se je usedel na prag, sklonil glavo in začel jokati.
Naslednji dan je bila na poročilih reportaža o najdbi neznanega človeka s krvavimi rokami in glavo. »V Skopju, na ulici Ivan Kozarov 3 smo prijeli fresko Jezusa Kristusa iz izraelskega mesteca Evfrat, je izjavila novinarka. »Po navedbah M. S. (86) je pri poskusu restavracije znane freske Jezusa Kristusa, iz izraelskega mesteca Evfrat, z restavracijo so želeli pridobiti na popularnosti te nenavadne umetnine, ki se je nahajala v lokalni cerkvi, leta 1813 iz neznanih razlogov lik freske naenkrat izginil in se ni nikoli več vrnil nazaj v Evfrat. Danes pa je freska našla svojega izgubljenega Jezusa, človek, ki je v rokah makedonske policije, pa svoje ognjišče«, je dejala novinarka z nasmeškom na obrazu. Začudeno sem gledala v človeka z zavezanimi rokami na hrbtu. Nato so se na ekranu začele predvajati reklame.
Zagreb
Dolgo časa sem se sprehajala mimo grobov, ki so molčali in fotografirala fotografije pokojnih. Nekateri so bili zelo mladi, drugi stari, nekateri grobovi niso imeli fotografije, ne imena in priimka. Bilo je prazno, tiho in pusto. Le neka ženska je z ikono v roki na glas jokala pred grobom z imenom nekega Franja Tuđmana. Nikoli mi ni bilo jasno kako lahko hlipaš od joka, si iztrgaš dušo iz prsi, z ikono v rokah pred nekim grobom, dokler pa si živ ljudem, ki jih imaš rad kljuješ oči. Ampak, dobro. »Narava je polna nasprotij«, mi je nekoč dejala Meri D. In imela je prav.
Caracas
Na repertoarju gledališča je bila danes predstava Brezimen. Kupila sem vstopnico in sedla na oštevilčen sedež. Igralec je stopil na sceno, se priklonil in začel s svojo vlogo: »Mimoidoči na mestnih ulicah, sprašujem vas, zakaj nenehno …? Zakaj glasno preklinjate preden se za pešce prižge zelena? Zakaj…? Zakaj…? Utihne. Vrti se v krogu kot bi želel pridobiti na času. Hitro teče po sceni kot da se z nekom lovi, čeprav ni nikogar. »In zakaj se nenehno kličete iz ene na drugo stran ceste? Ko pa greste eden mimo drugega se delate kot da se niste nikoli videli? Zakaj ne plačujete…? A mislite, da boste tako privarčevali del svojega denarja, ki ga nimate?«, je nadaljeval igralec s svojim dvournim monologom. Publika ga je pozorno poslušala. Ko se je predstava končala, se je igralec kulturno priklonil. Po gromkem aplavzu publike je izginil za sceno, si hitro obrisal ličila in še hitreje snel lasuljo. Potem si je počasi slekel obleko, si snel roke in noge in si odšel domov spočit za jutrišnjo predstavo. V drugem mestu.
Lizbona
Vsak dan sem prihajala na isto mesto in sedela ob reki Tajo. Želela sem ti poslati sporočilo. Ostro sem kritizirala sebe, češ da sem strahopetec, neodločna in lena oseba. Cel teden sem ga pisala, ampak zaman so bili vsi poskusi, da bi ga končno poslala. In ko sem ga končno hotela poslati, sem namesto »pošlji« po pomoti stisnila gumb »izbriši«. Nekatera sporočila potrebujejo čas.
Ljubljana
Od danes dalje sem te nehala gledati z rožnatimi očali, kajti takoj, ko sem pomislila, da sem te našla, si mi snela rožnata očala z glave in jih zdrobila s podplatom tvojega levega škornja. Tako sem nadaljevala bdeti nad svojo osamljenostjo.
Montevideo
На работната маса го најдов твоето писмо. Во него имаше само еден празен лист хартија. »Што се вознемируваш безврска«, ми вели Б. »Можеби некој се исплашил да ти ја напише вистината«, ме охрабри.
Na delovni mizi sem našla tvoje pismo. V njem je bil le prazen list papirja. »Kaj se za brez veze vznemirjaš«, mi je rekel B. »Mogoče ti nekdo ne upa napisati resnice«, me je opogumljal.
Nuuk
Včeraj sem bila na Vojnovićevi razstavi. Vsaka slika je imela poetičen naslov. Soseda Akimura je bila navdušena nad konceptom razstave. Pogled sem usmerila k zadnji sliki, ki je bila od vseh drugih najbolj nenavadna. Pod njo je pisalo: »Ah, ta hierarhija čustev«, na sliki pa je bila narisana opica. Soseda Akimura je kupila ravno to sliko, z opico. Mislim, da je bila bolj navdušena nad opico kot nad imenom slike. Zdi se mi, da se danes ljudje bolj želijo zabavati kot pa poslušati patetična jadikovanja, tudi takrat, ko govorimo o umetnosti.
Ottawa
Sedela sem na klopi med Jurijevim zalivom in reko Ottawa medtem ko sta se na sinjem nebu zrcalili rdeča in rumena barva narave, voda in zimzelena drevesa v parku Algonquin. Mimo mene sta šla fant in dekle: »Nočem, da me pozabiš«, je reklo dekle. »Ne bom«, ji je odgovoril fant. Dekle ga je objelo in vprašalo: »Obljubiš«? »Ne,« jo je odrinil stran. Medtem ko so med klopcami tekle lisice, veverice in črni medvedi, nad glavami pa so letele neke pisane ptice, se je njun pogovor spremenil v veliko nerazumevanje.
Praga
Ko je končno prenehalo deževati, sem šla ven in s širokim nasmeškom na obrazu sezula superge in začela teči bosa. Pred očmi so se mi pojavile slike mest, ki me zasužnjujejo. Enakomerno korakanje in dihanje me je umirilo, me naredilo lažjo, z enako frekvenco sem začela premikati roke in dihati, perfektno sem držala ravnotežje v smeri po kateri sem hodila, telo se mi je začelo spajati z dušo, duša pa se mi je širila od radosti in se začela tako širiti in razgrajevati na bilijon majhnih delčkov, da sem naenkrat začutila, da svet nima nobenega pomena, ostaja prazen, umivajo ga lastne solze. Nehala sem teči, se ustavila pod mostom do katerega sem prispela in počakala, da neha deževati. Zopet je začelo liti kot iz škafa.
Riga
Sedela sem v bližnji kavarni in pila svojo jutranjo kavo. Za sosednjo mizo se je usedel nadškof, odprl knjigo in začel brati. Radovedno sem skušala prebrati naslov knjige, a zaman. Nadškof je, kot da bi mi bral misli, spretno skrival naslov. Prenehala sem strmeti v knjigo. Naenkrat je nadškof vstal, se mi približal, pustil knjigo na moji mizi in odšel. Hitro sem prebrala naslov: »Odpiram vrata stene (vhod v drugi svet)«.
Skopje
Hitro sem hodila po Kamenem mostu. Hitela sem da bi ujela avtobus. Na mobilnem telefonu sem imela novo sporočilo. Ustavila sem se in začela brati: vsi imamo odtise na prstih, po tem se ljudi razlikuje: vsi so isti, a ne boš na vse te iste ljudi pustil odtis svojih prstov… Mesto ima povsem drug pomen ob šestih zjutraj.
Talinv
Kako je nesrečna moja senca. Potuje skupaj z mojim življenjem.
Ulan Bator
Danes sem sanjala zelo čudne sanje. Vstopila sem v nek budističen hram, se ulegla na tla, okrog mene so neznani ljudje skakali in vpili besede, ki jih nisem razumela in naenkrat sem začutila kako se mi telo ločuje od duše in duša vstopa v jastreba, ki začne kljuvati moje telo. Želela sem se osvoboditi od bolečine, a nisem mogla. Kričala sem na ves glas, molila za pomoč, a bolečina je bila še naprej neznosna. Naenkrat me je začel nek starec klofutati. Končno sem se zbudila. Ležala sem v parku, okrog mene je bilo veliko ljudi, nad mojo glavo pa je plapolala modra zastava s ptico v sredini.
Havana
V Narodni galeriji bo jutri ob 12h predstavljen nov Atlas sveta. Njegova dopolnitev vsebuje le 46 novih geografskih kart sukcesije premoženja nekdanje države na Balkanu, Jugoslavije. Del izvirnikov je s sukcesijo, ki se je zgodila 23. 3. 1953, ukraden nepremičninam. Izvirniki so se ohranili vsa ta leta, avtorji ohranjenih izvirnikov pa končno želijo povedati resnico o nekdanji SFRJ, ki ne obstaja več. Najbolj pomembno je omeniti, da so le te skozi vsa ta dolga leta okraševali prostore ambasad, konzularnih predstavništev, ministrstev in velikih privatiziranih firm in zato niso bili dostopni širši javnosti in zmanipulirani s strani ljudi, ki se aktivno ukvarjajo z varovanjem državnega bogastva v zasebnih sefih. Insistira se, da imena avtorjev ostanejo anonimna. Dela so bila ustvarjena v obdobju pred Drugo svetovno vojno. Na tovrsten način bo njihova promocija obogatila kulturno dediščino celotne svetovne zgodovine.
Na avtobusni postaji v najbolj nenavadnem predelu Nove Zelandije, imenovanem Taumata-whakatangihangakoauauotamateaturipukakapiki-maungahoronukupokaiwhenuakitanatahu3 sta se prvič zagledala in zaljubila Kadvalader iz vasi Llanfair-pwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllanty-siliogogogoch4 in Kapitolina iz vasi Verhnenovo-kutlumbetevo5. Ko je Kapitolina videla Kadva-laderja se je počutila Supercalifragilisticexpiali-docious6, Kadvaladerju pa se je vedno, ko je zagledal kako dekle lepo kot Kaptolina zaluštal lopadote-mahoselahogaleokraniolipsanodrimhipo-trimatosilfiokaravomelitokatakehimenokihlepikosi-fofatoperisterialekrionotpokefaliokinklopeliolagosi-reovafitraganoterigon7. Ker sta bila rojena v najmanjših vaseh z najdaljšimi imeni na svetu, sta se bala približati se drug drugemu in se bolje spoznati, ker sta trpela od hipotomnoostroses-kvipeodaliofobije8.