Молчејќи седиш
на каменот и
погледот ти се закачува
на перката на малата плашица
што со себе ја носи
големата
дебела
книга
на Светите браќа.
Таа на памет
ја знае
содржината
на моќниот текст,
но сепак
секогаш одново
со радост ги чита
големите умови
забележани
со златните букви
на домашен јазик.
Денес,
сега,
ја чита книгата
од вчера...
за да се препознае
себе си
утре.
ТЕШКО Е ...
Тешко е
да се биде
со главата
над високите бели облаци,
а со нозете
на тврдото тло,
и притоа да се избегне
облаците да не ти ги шишнат ушите,
а воедно да не го чукнеш
палецот на десната нога
од големиот камен
покрај патот.
Кренатата глава
со погледот ја црта
жолтата патека
по која ќе се движиш
со брзината на светлината,
а нозете
сепак треба ќе ти чекорат
смирено и сигурно.
Најмногу
ќе треба да внимаваш
на песокта на патот –
може да се лизнеш.
Внимавај
срцето
да ти биде
секогаш
на право место –
ниту погоре
ниту подоле –
зашто тоа понекогаш
се подзаборава
и сака
да ти ги диктира
брзото темпо
и насоката
на секодневното
движење.
АБЕР
Го прашав
Господа:
»Зошто, Боже,
ме стискаш
толку во ќош?«
А старицата
ми одговори:
»Зашто
Тој знае
колку можеш
да издржиш!«
Го молев
да ми прати
некој знак,
абер,
сознание...
Заврна.
Потоа
се покажа
сонце.
Го гледам
да ми каже
со каква песна
ќе се разбудам
утре.
А тој милно
Ќе ме погали
по косата долга
и ќе ми се насмее:
Без гајле!
Добра ноќ!
Чудни се патиштата на Господа.
ЗАКАНА
Слушај ме сега добро!
Само уште еднаш
ако ми се доближиш
и ако ме фатиш
за рака...
Ќе те бакнам
толку силно
што ќе те отфрли
во вселената
на најубавите нешта!
А јас ќе те придружувам.
И ќе ме водиш
од едната ѕвезда
до другата
и ќе се капиме
во волшебниот прав,
а потоа како
Пепелушка ќе ме
качиш на Големата мечка
и ќе ме вратиш
на Земјата...
ама после полноќ...
За да испушиме по една цигара.
Само доближи се...
Јас сакам...
OBLJUBA
Kako velik up daje obljuba,
dna brezna nas rešuje,
a vseeno obljubiti je lahko velik greh,
velik skoraj kot pregrešno jabolko.
Ni prepovedana, a je nevarna.
Napolni te z občutkom sreče, polnosti, izziva …
kot skok s padalom,
kot potapljanje v globine oceana,
kot biti zaljubljen.
In obljuba dela dolg,
pravijo stari ljudje.
In oni že vedo …
… do grla so v dolgovih.