Те Цртам на лист хартија
чувствителна
тврдоглава
мистериозна
заљубена
непроменлива
прекрасна
насмеана
преплашена
апсурдна сама по себе
Те Замислував ..
поинаква
не.
повеќе те сакам со брчки на лицето
наталожени со годините
обогатени со фантазии
и многу пудра
Те Цртам на лист хартија
за да дознаеш дека навистина таква те замислував
со распукани стапала
од трчањето по ридовите на лето
Те Посакувам .
и не се срамам да продолжам да Те Цртам
како се шеткаш со часовникот и во него стрелки од дождовни капки
за да те пробуди рано наутро пред изгрејсонце
Те Цртам
и те чувствувам блиску до мене
(за) да почувствувам дека си моја
Те Цртам на лист хартија
онака како што Те Замислувам –
подгрбавена од патувањата во моите соништа
и облечена во престарен кожурок
тогаш
и телото ме открива
штом ќе се погледнам во огледало
па почнувам да се влечкам
за она што најмногу ме боли
ANONIMUS
Јас сум Anonimus
немам име
знам да цртам точки
. . . .. ....
длабоко во сонот
сонувам
сложувалки
еднаш,
многу оддамна
успеав да нацртам мала кружница
со шестар.
(тогаш сфатив дека кружницата
е само метафора за точка)
иако кругот може да биде
една дебела
проширена
целулитна точка
со многу отсуство од витамини
од тогаш
почнав да создавам
фигури во моите соништа
МИНИЈАТУРИ
(или мали минијатурни скици)
не е доволно да се потисне во себеси ..
доволно е да се потисне далечното време
во кое имало несреќи ..
* * *
Ги сошивам спомените.
Во износени, парталави мисли.
Со ветви алишта и
со рапава кожа на рацете
се оддалечуваат од тишината.
Имаат и по некоја брчка на лицето.
Со нив,
ја сошивам сопствената иднина,
додека светлината влегува во мојот дом
– молкома.
* * *
Во овој град,
а ниту во соседните села,
нема ниту една моја желба.
Сенката ми фрла поглед,
а јас мижуркам пред сонцето
правејќи се дека не ја гледам.
Ме остава да уживам во денот.
Но,
во ноќта
ми ги подава рацете
и ми зема дел од сонот.
* * *
Ако никогаш
не ме побараш
како што не ме бараше Тој
ќе ѝ наредам
на месечевата светлина
да ме проголта
и претвори во ѕвезда.
Така ќе те гледам
секоја ноќ
како спиеш.
* * *
Посакувам
времепловот на мојот часовник
да го отчува
точното време
на мојата желба
(таа е во џебот од моето старо палто
заедно со неколку ситни парички)
ПЕСОЧЕН ЦРТЕЖ
Се сокривам
во десното ќоше
во кутија од чевли
онаму каде што ќошињата
стануваат тркалезни
а сенките излегуваат
на прошетка во темните ноќи
и ги сошивам
делчињата од месечината
пред да се разбуди тишината
со крупни чекори
се преселувам во друга боја
за повеќе да не ги читам дневните весници
си купив бележник
за да ги запишувам
подзаборавените состаноци
бидејќи брзината на времето
не ми ги простува грешките
(а јас сеуште имам плускавци од дождот)
се сокривам
за да те сонувам спиејќи
во десното ќоше
во кутија од чевли
онаму каде што ќошињата
стануваат тркалезни
а сонот доаѓа
многу полесно
отколку што се враќа.
ВРЕМЕТО НА ЧАСОВНИКОТ
оживуваат стрелките на часовникот
врз грбот на денот
оживуваат
како инсталации за месечева светлина
зјапам во огледалото
набљудувајќи си ја зеницата
продирам
под напукнатата рана
врз мојата кожа
замислувам
дека под неа е се’ во ред
болката нестрпливо си игра со мене
ме скокотка на секој допир
подобро е да престане
таа скокотлива игра
врз жештината на солзите
и студенилото на бакнежите
пијам капки дожд пред виножитото
и се менувам
само кога се вртам во круг
ПАТУВААТ МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
патуваат моите пријатели
со разни географски карти
по џебовите
ги фотографираат оголените пештери
стеблата измиени од дождот
изгрејсонцата што буричкаат по сеќавањата на патниците
зајдисонцата што исцртуваат ликови во водите под новите мостови
патуваат моите пријатели
со разни географски карти
по џебовите
ги фотографираат пристигнувањата
на новите аналитичари на книжевниот збор
заминувањата на замислените облачиња
неочекуваните патници на плажите
во летните денови
замижани од јакото сонце
патуваат моите пријатели
со географски карти
во џебовите
за да му се доверат на времето
дека единствениот наш пат
се нашите чекори
ДЕНЕС
денес бев сосема сама
бестелесна
некомпромисна
беспричинска
немотивирано себична
денес бев
самостоен
надуван балон
недоволно искористен
во размислувањата
за создавање нешто убаво
денес сите ме оставија
на минијатурните фусноти
на пожолтените страници
денес ја искористија
мојата нечувствителност кон себеси
ја згазија мојата наклонетост
кон старите пријателства
па ме фрлија во осаменост
денес ме соголија
во самотијата на празниот ден
ја покорија мојата пожртвуваност
и ме претворија во солза
ТЕ ЦРТАМ
Те Цртам на лист хартија
чувствителна
тврдоглава
мистериозна
заљубена
непроменлива
прекрасна
насмеана
преплашена
апсурдна сама по себе
Те Замислував ..
поинаква
не.
повеќе те сакам со брчки на лицето
наталожени со годините
обогатени со фантазии
и многу пудра
Те Цртам на лист хартија
за да дознаеш дека навистина таква те замислував
со распукани стапала
од трчањето по ридовите на лето
Те Посакувам .
и не се срамам да продолжам да Те Цртам
како се шеткаш со часовникот и во него стрелки од дождовни капки
за да те пробуди рано наутро пред изгрејсонце
Те Цртам
и те чувствувам блиску до мене
(за) да почувствувам дека си моја
Те Цртам на лист хартија
онака како што Те Замислувам –
подгрбавена од патувањата во моите соништа
и облечена во престарен кожурок
тогаш
и телото ме открива
штом ќе се погледнам во огледало
па почнувам да се влечкам
за она што најмногу ме боли
ANONIMUS
Јас сум Anonimus
немам име
знам да цртам точки
. . . .. ....
длабоко во сонот
сонувам
сложувалки
еднаш,
многу оддамна
успеав да нацртам мала кружница
со шестар.
(тогаш сфатив дека кружницата
е само метафора за точка)
иако кругот може да биде
една дебела
проширена
целулитна точка
со многу отсуство од витамини
од тогаш
почнав да создавам
фигури во моите соништа
МИНИЈАТУРИ
(или мали минијатурни скици)
не е доволно да се потисне во себеси ..
доволно е да се потисне далечното време
во кое имало несреќи ..
* * *
Ги сошивам спомените.
Во износени, парталави мисли.
Со ветви алишта и
со рапава кожа на рацете
се оддалечуваат од тишината.
Имаат и по некоја брчка на лицето.
Со нив,
ја сошивам сопствената иднина,
додека светлината влегува во мојот дом
– молкома.
* * *
Во овој град,
а ниту во соседните села,
нема ниту една моја желба.
Сенката ми фрла поглед,
а јас мижуркам пред сонцето
правејќи се дека не ја гледам.
Ме остава да уживам во денот.
Но,
во ноќта
ми ги подава рацете
и ми зема дел од сонот.
* * *
Ако никогаш
не ме побараш
како што не ме бараше Тој
ќе ѝ наредам
на месечевата светлина
да ме проголта
и претвори во ѕвезда.
Така ќе те гледам
секоја ноќ
како спиеш.
* * *
Посакувам
времепловот на мојот часовник
да го отчува
точното време
на мојата желба
(таа е во џебот од моето старо палто
заедно со неколку ситни парички)
ПЕСОЧЕН ЦРТЕЖ
Се сокривам
во десното ќоше
во кутија од чевли
онаму каде што ќошињата
стануваат тркалезни
а сенките излегуваат
на прошетка во темните ноќи
и ги сошивам
делчињата од месечината
пред да се разбуди тишината
со крупни чекори
се преселувам во друга боја
за повеќе да не ги читам дневните весници
си купив бележник
за да ги запишувам
подзаборавените состаноци
бидејќи брзината на времето
не ми ги простува грешките
(а јас сеуште имам плускавци од дождот)
се сокривам
за да те сонувам спиејќи
во десното ќоше
во кутија од чевли
онаму каде што ќошињата
стануваат тркалезни
а сонот доаѓа
многу полесно
отколку што се враќа.
ВРЕМЕТО НА ЧАСОВНИКОТ
оживуваат стрелките на часовникот
врз грбот на денот
оживуваат
како инсталации за месечева светлина
зјапам во огледалото
набљудувајќи си ја зеницата
продирам
под напукнатата рана
врз мојата кожа
замислувам
дека под неа е се’ во ред
болката нестрпливо си игра со мене
ме скокотка на секој допир
подобро е да престане
таа скокотлива игра
врз жештината на солзите
и студенилото на бакнежите
пијам капки дожд пред виножитото
и се менувам
само кога се вртам во круг
ПАТУВААТ МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
патуваат моите пријатели
со разни географски карти
по џебовите
ги фотографираат оголените пештери
стеблата измиени од дождот
изгрејсонцата што буричкаат по сеќавањата на патниците
зајдисонцата што исцртуваат ликови во водите под новите мостови
патуваат моите пријатели
со разни географски карти
по џебовите
ги фотографираат пристигнувањата
на новите аналитичари на книжевниот збор
заминувањата на замислените облачиња
неочекуваните патници на плажите
во летните денови
замижани од јакото сонце
патуваат моите пријатели
со географски карти
во џебовите
за да му се доверат на времето
дека единствениот наш пат
се нашите чекори
ДЕНЕС
денес бев сосема сама
бестелесна
некомпромисна
беспричинска
немотивирано себична
денес бев
самостоен
надуван балон
недоволно искористен
во размислувањата
за создавање нешто убаво
денес сите ме оставија
на минијатурните фусноти
на пожолтените страници
денес ја искористија
мојата нечувствителност кон себеси
ја згазија мојата наклонетост
кон старите пријателства
па ме фрлија во осаменост
денес ме соголија
во самотијата на празниот ден
ја покорија мојата пожртвуваност
и ме претворија во солза