Силата на сомнежот
те прави
уште понемоќен.
и на својот лик
ти нуди несигурност.
Те задушува
и те смрзнува.
А понекогаш
и вознемирува.
Зошто веруваш во лаги?
ВЕРА
Секое утро
ги собираш парталите
пред да седнеш на тркалезната маса.
И палиш по една свеќа
за секој од нас.
Срамежливо почнуваш да говориш,
спокојно да не подучуваш;
Но, не се предаваш
- ниту себе, ниту нас.
Ги координираш своите движења,
како да одиш на некое далечно патување.
Моќта на менувањето на сликите
те тера да веруваш само во себе.
ЛУЃЕ
Тешко е да се најдат зборови.
И притоа, тие,
да се стават на вистинското место.
Во почетокот на твоето создавање
постоеше нашиот круг на живот.
Како да си единствен
што умее да нанесе рана.
Длабока рана, човеку!
ШАХ
Моментот на слабост
целосно ме истоштува.
Беспомошно
-само треперам,
како сламка.
Бездруго –
давам отпор.
Рамнодушно ме гледаш
додека те прашувам:
»Зошто служат пријателите?«
ДУША
Силата на сомнежот
те прави
уште понемоќен.
и на својот лик
ти нуди несигурност.
Те задушува
и те смрзнува.
А понекогаш
и вознемирува.
Зошто веруваш во лаги?
ВЕРА
Секое утро
ги собираш парталите
пред да седнеш на тркалезната маса.
И палиш по една свеќа
за секој од нас.
Срамежливо почнуваш да говориш,
спокојно да не подучуваш;
Но, не се предаваш
- ниту себе, ниту нас.
Ги координираш своите движења,
како да одиш на некое далечно патување.
Моќта на менувањето на сликите
те тера да веруваш само во себе.
ЛУЃЕ
Тешко е да се најдат зборови.
И притоа, тие,
да се стават на вистинското место.
Во почетокот на твоето создавање
постоеше нашиот круг на живот.
Како да си единствен
што умее да нанесе рана.
Длабока рана, човеку!
ШАХ
Моментот на слабост
целосно ме истоштува.
Беспомошно
-само треперам,
како сламка.
Бездруго –
давам отпор.
Рамнодушно ме гледаш
додека те прашувам:
»Зошто служат пријателите?«