Топлина на една
прегратка во снежен ден.
Заедничко гледање низ прозорец без цел
додека ветрот снежни наноси носи.
Животот е баш овој ден.
Јас и ти
наведнати еден кон друг.
Бакнеж случајно земен
така додека не мислиш ништо.
Дишење без здив.
ПРКОС
Немој да ставаш се на душа,
срцето пука.
Па нека препукне.
Некогаш му е потребно да замине.
За да почне да живее.
Ладнокрвно примај ги лошите работи.
Не ти е гајле.
Но секако дека гајле ми е.
Не сакам ладнокрвности,
сакам да врие.
Остани на страна,
но не останувам.
Секогаш своја имам, не слушам никој,
тоа је духот мој,
срце немирно.
Одам, по воздухот за кој се држам
и кога пржи и кога мраз ме обзема.
За да се чувствувам жива.
Живеам по свое.
ПОРАКА НА НИШТАВИЛОТО
Ќе се начекаш јадна,
Уште никој не ме поразил.
Не, не е верувај.
Го сакам животот и кога срцето бие,
Сакам кога бие по пулсот на Африка
И кога ги крши страшните на животот оргии.
Го сакам животот,
Ти јаднице на ништавилото
Што и да смислуваш.
И во недрата отровни сеуште криеш.
Ќе се начекаш ништавило, така јадна.
Мир не ќе имаш. Го сакам него,
така топол и кога стареам и кога раснам.
Уште никој во радоста на животот не ме победил.
Ќе се начекаш, навистина.
НЕ ГО САКАМ БАЛАШЕВИЌ
Не го сакам Балашевиќ,
Одамна престанав да ги слушам тие песни,
Не сакам англиски, не сум Англичанец,
Не сакам кога ми зборуваш дека ме сакаш
И не сакам да слушам кога се расправаш вака,
Иди пред огледалото, среди ја фризурата,
Таа толку добро ти стои,
Не сакам ни да те гледам,
Но баш тебе те сакам
Будало една.
Сакам да те сакам, Оливера…
ЕДЕН ДЕН КОГА ЌЕ ЗАМИНАМ
Се надевам тој ден, на мене ќе личи.
На сите светилки во душа што ги носам за нов ден.
И на наивноста како дете.
Ќе личи на секое простување, за невидување.
На розата чиј мирис го сакав
и звездите во очи непаднати.
Нема да личи на бол непреболен.
Ќе личи на небото распослано со облаци
со кое душата је полнев,
онака патем додека патував.
Секаkо, на музиката која заборав нема,
и на очите прекрасни исполнети со копнеж.
Ќе личи на мене, таква каква што бев.
Се надевам тој ден на мене ќе личи.
Непреболен.
Се надевам тој ден ќе пееш пријателе мој.
Затоа што песната беше она што го сакав.
Се надевам, насмевка на небото ќе бидам.
ПАТ
На местата кај што фантазијата води
кога разумот се затвора и заминува.
Враќање во топлите бањи
каде паѓале на колена
бегови и аги, цареви и куртизани.
Во минатото додека својот кнез го дворам,
миризба на свеќи и восок без лаванда,
пара ноздрви, го крепи духот кој уморен е.
Телото гори и во образи руменило праќа.
Животна радост за попатно бунило.
Историјата ја нуди на дланка.
Тоа избраниот мојот пат го гледа, се се враќа.
ЕДНАШ
Еднаш,
кога ќе се сретнеме,
веројатно тоа ќе биде на бреговите.
Под маслинките само што процветани.
Од нивната опора миризба, тешко дишам...
Веројатно морето ќе удира во карпите
Во пена разбивајки го
сето она што ги расипува мислите.
Тогаш, ќе ми раскажеш се…
Пријателски ќе ми стиснеш рака…
Сакајки го длабоко човекот во мене.
ПОВТОРНО
Денес, пак и повторно над крововите,
Некаде помеѓу облаците на стариот мозаик
Ни горе ни долу.
Тоа море од оџаци плови додека спијам
И патувам во соништата убави без кошмари.
Слики стари нови сеќавања будат,
Повторно сакам и повторно посакувам
Таму да патувам без враќање
И без срам, со зората да другарувам.
Да плачам и страдам и повторно се надевам,
Да видам се што било и што никогаш не се случило.
Да страдам, стравот тука е.
Испивам чаша што лесно се пие
Горчина и мед, тој нектар
Душата со убавина ја труе ...
ЈАС СУМ
Јас сум на местото каде живеат пеперутките.
Длабоко во својот сопствен
Бескрај, мир и тишина,
Каде се трепери од сигурност и страв нема,
Дека утре нема да ме биде и мојот мал Бог
Тука до мене после се. И по сега.
Никој не ме демне зад аголот,
Тескоба сосем малку, златни нишки.
Очајна не сум на тоа место,
Да пеам само сакам,
Осамена повторно, додека умирам, а живеам.
Не убивај ме животе,
Нежни ми се крилјата,
Тенки и свилени,
Како први лисја,
Почувствувај ја таа сила и слабост сега овде,
Не убивај ме нежно те молам, животе.
ЖИВОТ
Топлина на една
прегратка во снежен ден.
Заедничко гледање низ прозорец без цел
додека ветрот снежни наноси носи.
Животот е баш овој ден.
Јас и ти
наведнати еден кон друг.
Бакнеж случајно земен
така додека не мислиш ништо.
Дишење без здив.
ПРКОС
Немој да ставаш се на душа,
срцето пука.
Па нека препукне.
Некогаш му е потребно да замине.
За да почне да живее.
Ладнокрвно примај ги лошите работи.
Не ти е гајле.
Но секако дека гајле ми е.
Не сакам ладнокрвности,
сакам да врие.
Остани на страна,
но не останувам.
Секогаш своја имам, не слушам никој,
тоа је духот мој,
срце немирно.
Одам, по воздухот за кој се држам
и кога пржи и кога мраз ме обзема.
За да се чувствувам жива.
Живеам по свое.
ПОРАКА НА НИШТАВИЛОТО
Ќе се начекаш јадна,
Уште никој не ме поразил.
Не, не е верувај.
Го сакам животот и кога срцето бие,
Сакам кога бие по пулсот на Африка
И кога ги крши страшните на животот оргии.
Го сакам животот,
Ти јаднице на ништавилото
Што и да смислуваш.
И во недрата отровни сеуште криеш.
Ќе се начекаш ништавило, така јадна.
Мир не ќе имаш. Го сакам него,
така топол и кога стареам и кога раснам.
Уште никој во радоста на животот не ме победил.
Ќе се начекаш, навистина.
НЕ ГО САКАМ БАЛАШЕВИЌ
Не го сакам Балашевиќ,
Одамна престанав да ги слушам тие песни,
Не сакам англиски, не сум Англичанец,
Не сакам кога ми зборуваш дека ме сакаш
И не сакам да слушам кога се расправаш вака,
Иди пред огледалото, среди ја фризурата,
Таа толку добро ти стои,
Не сакам ни да те гледам,
Но баш тебе те сакам
Будало една.
Сакам да те сакам, Оливера…
ЕДЕН ДЕН КОГА ЌЕ ЗАМИНАМ
Се надевам тој ден, на мене ќе личи.
На сите светилки во душа што ги носам за нов ден.
И на наивноста како дете.
Ќе личи на секое простување, за невидување.
На розата чиј мирис го сакав
и звездите во очи непаднати.
Нема да личи на бол непреболен.
Ќе личи на небото распослано со облаци
со кое душата је полнев,
онака патем додека патував.
Секаkо, на музиката која заборав нема,
и на очите прекрасни исполнети со копнеж.
Ќе личи на мене, таква каква што бев.
Се надевам тој ден на мене ќе личи.
Непреболен.
Се надевам тој ден ќе пееш пријателе мој.
Затоа што песната беше она што го сакав.
Се надевам, насмевка на небото ќе бидам.
ПАТ
На местата кај што фантазијата води
кога разумот се затвора и заминува.
Враќање во топлите бањи
каде паѓале на колена
бегови и аги, цареви и куртизани.
Во минатото додека својот кнез го дворам,
миризба на свеќи и восок без лаванда,
пара ноздрви, го крепи духот кој уморен е.
Телото гори и во образи руменило праќа.
Животна радост за попатно бунило.
Историјата ја нуди на дланка.
Тоа избраниот мојот пат го гледа, се се враќа.
ЕДНАШ
Еднаш,
кога ќе се сретнеме,
веројатно тоа ќе биде на бреговите.
Под маслинките само што процветани.
Од нивната опора миризба, тешко дишам...
Веројатно морето ќе удира во карпите
Во пена разбивајки го
сето она што ги расипува мислите.
Тогаш, ќе ми раскажеш се…
Пријателски ќе ми стиснеш рака…
Сакајки го длабоко човекот во мене.
ПОВТОРНО
Денес, пак и повторно над крововите,
Некаде помеѓу облаците на стариот мозаик
Ни горе ни долу.
Тоа море од оџаци плови додека спијам
И патувам во соништата убави без кошмари.
Слики стари нови сеќавања будат,
Повторно сакам и повторно посакувам
Таму да патувам без враќање
И без срам, со зората да другарувам.
Да плачам и страдам и повторно се надевам,
Да видам се што било и што никогаш не се случило.
Да страдам, стравот тука е.
Испивам чаша што лесно се пие
Горчина и мед, тој нектар
Душата со убавина ја труе ...
ЈАС СУМ
Јас сум на местото каде живеат пеперутките.
Длабоко во својот сопствен
Бескрај, мир и тишина,
Каде се трепери од сигурност и страв нема,
Дека утре нема да ме биде и мојот мал Бог
Тука до мене после се. И по сега.
Никој не ме демне зад аголот,
Тескоба сосем малку, златни нишки.
Очајна не сум на тоа место,
Да пеам само сакам,
Осамена повторно, додека умирам, а живеам.
Не убивај ме животе,
Нежни ми се крилјата,
Тенки и свилени,
Како први лисја,
Почувствувај ја таа сила и слабост сега овде,
Не убивај ме нежно те молам, животе.